
Скопскиот градоначалник Коце Трајановски потсети дека Град Скопје не е надлежен за мониторинг на воздухот во главниот град, туку само за информирање и давање препораки.
- Соодветно на тоа, Град Скопје има донесено Акциски план и донесува препораки кои граѓаните можат да ги видат на нашата веб-страница, рече Трајановски и додаде дека оваа надлежност ја исполнуваат.
Тој рече дека Министерството за животна средина и просторно планирање има надлежност за мониторинг на воздухот.
На Координативното тело присуствувале и државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Соња Лепиткова и вработените од Секторот за екологија на Град Скопје.
Трајановски информира дека пред неколку дена одржал состанок и со поголемите компании кои имаат А интегрирани дозволи - Макстил, Митал стил, Скопски легури, Цементарница Усје, ОХИС и Топлификација, на кој присуствувале и претставници од МЖСПП.
Тој потсети дека Град Скопје издава Б интегрирани дозволи. - Нашите инспекциски служби во последните два месеци се на терен. Интензивно проверуваат дали компаниите кои добиле Б интегрирани дозволи од Град Скопје се придружуваат на мерките кои треба да ги има. Најдени се одредени компании кои не го исполнуваат тој услов и дадено им е рок од 10-15 дена за да го исполнат. Нашите инспекциски служби повторно ќе одат на терен за да ја видат состојбата, рече Трајановски.
На граѓаните на Град Скопје кои индивидуално се затоплуваат да користата поквалитетни горива.
Тужбата на Ел Масри е застарена и треба да се одбие![]() Во Европскиот суд за човекови права во Стразбур денеска почна јавната судска расправа ... |
Над 100 кинески компании во Чингдао ги слушнаа поволностите за инвестирање![]() Македонската делегација предводена од премиерот Никола Груевски која веќе неколку ден... |
Ексклузивно видео и фото: Влезот во Аеродром![]() Влезот на општина Аеродром доби нов, современ и препознатлив изглед. |
Македонија ќе извезува вино во Кина!![]() Најголемиот дистрибутер на вино во Кина ќе потпише договор со девет винарски визби од... |