istrazi-ja-makedonija
Освежено 23:12:41
Петок, 18 Мај 2012
Сподели
Споделете ја веста со Вашите пријатели

Поттикнат од негодувањата на граѓаните на општина Центар кои се против изградбата на двете административни згради и катната гаража во близина на хотел Бристол, градоначалникот Владимир Тодоровиќ излезе со изјава дека планираните градби се дел од урбанистичкиот план „Голем ринг - исток“.

koce-todorovik500

-Сите згради ќе бидат исклучително естетски поставени и ќе бидат функционални. Дека ќе има негодувања од мал број луѓе ќе има, затоа што им се менува микро локацијата, но ние ќе постапиме со сите стандарди и правила на урбанистичкото проектирање. Градот мора да се гради и на таа локација ќе никнат две прекрасни згради, кои ќе си ја вршат својата функција, вели Тодоровиќ.

Тодоровиќ рече дека не сака да помисли оти опозицијата ова ќе го злоупотреби и ги повика граѓаните на трпение додека се изведуваат градбите.

Градоначалникот Коце Трајановски истакна дека Градот Скопје има одлична соработка со општина Центар за сите проекти кои се во интерес на граѓаните. Трајановски потенцираше дека имало негодување од страна на граѓаните и за булеварите Илинденска и Климент Охридски, Градските плажи, како и многу други проекти, но на крајот сите проекти беа широко прифатени од скопјани.

- Се градат булевари, згради, се обновуваат мостови, се градат мостови, фасади, плажи на Вардар. За многу проекти кои се почнати имаше скептицизам и недоверба кај граѓаните дека не се оправдани, дека нема да бидат добри за граѓаните во Скопје, меѓутоа праксата покажа дека со секој завршен проект граѓаните многу добро го прифатија и ги сметаа за успешни, истакна Трајановски.

Тој додаде дека и натаму ќе се продолжи со градење и развивање на градот Скопје, кој треба да се извади од стереотипот кој беше досега.

Урбанистичкиот план предвидува изградбата на две нови згради со висина до 29 метри во паркот спроти хотелот „Бристол“, наменети за државната администрација, катна гаража кај „Автомакедонија“, а на местото на Зелено пазарче има маркица за зелена површина и место за спорт и рекреација.

Видеото е превземено од првата македонска интернет телевизија Македонија24.
Превземањата се во согласност со условите пропишани од Македонија24.

banner-vmro-zk-300x250
  • 24 часа
  • 7 дена
  • 30 дена

Избор на уредникот

Тужбата на Ел Масри е застарена и треба да се одбие

News image

Во Европскиот суд за човекови права во Стразбур денеска почна јавната судска расправа ...

Над 100 кинески компании во Чингдао ги слушнаа поволностите за инвестирање

News image

Македонската делегација предводена од премиерот Никола Груевски која веќе неколку ден...

Ексклузивно видео и фото: Влезот во Аеродром

News image

Влезот на општина Аеродром доби нов, современ и препознатлив изглед.

Македонија ќе извезува вино во Кина!

News image

Најголемиот дистрибутер на вино во Кина ќе потпише договор со девет винарски визби од...