
Предвидените мерки и програма во оперативниот план се наменети како за невработените, така и за работодавачите.
Настаните се реализираа во период од 11 февруари годинава и сеуште се во тек, а во соработка со 15 општини вклучувајќи го и град Скопје, се потпишаа Меморандуми за меѓусебна соработка.
Градот Скопје покажа особена подршка за реализација на овие средби и помагање на локалната заедница во намалување на невработеноста во Скопје, со приближување на можностите кон граѓаните.
За прв пат грѓаните на Градот Скопје можеа на терен да слушнат за новите активности донесени од страна на Владата кои се во корист и интерес на граѓаните.
Целта на ваквите активности беше да се овозможи транспарентен пристап кон сите заинтересирани страни, преку непосредни информации, размена на идеи, искуства, запознавање со активностите на АВРМ – Центарот за вработување на град Скопје, но и можност да се одговори на разни прашања на присутните учесници на презентациите преку отворена дискусија.
Општините покажаа сериозен интерес за ваков вид на соработка, а секако и присутните учесници.
Воедно, стручната служба за поддршка за услуги за вработување, при Центарот за вработување на град Скопје, превзеде и директни активности на терен, преку посета на фирми и работодавачи, со цел да се информираат граѓаните за можностите и разните услуги на Центарот, кои работодавачите може да ги искористат, информации за активните мерки и програми во кои може да се вклучат и слично.
Сите активности беа презентирани од страна на Раководителот на Центарот за вработување на град Скопје М-р Слободанка Алексовска.
ЦЕНТАР ЗА ОБУКА ЕВА со задоволство ви гo најавува новиот - КУРС ЗА ШМИНКА.
ФОТО: Одбележан Денот на македонските пожарникари - 20 мај![]() Ние пожарникарите со максимална одговорност и ангажираност ги реализиравме поставените... |
Ставрески: Состојбата во финансискиот сектор во Македонија е стабилна![]() Состојбата во финансискиот сектор во Република Македонија е стабилна, оценија министер... |
Терасата – видиковец на „Порта Македонија“ од денес отворена за посетители![]() Терасата – видиковец на објектот „Порта Македонија“ од денеска повторно е отворена за ... |