Во кабинетот на градоначалникот на општина Струмица беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Општина Струмица, УСАИД – Проект за основно образование и ООУ “Маршал Тито“.
Меморандумот го потпишаа градоначалникот Зоран Заев, Лири Старова од УСАУД Проект за основно образование и Снежана Колева, директор на ООУ “Маршал Тито“ Струмица.“Работата на ПЕП е базирана на соработката со општините и училиштата. Огромна поддршка добиваме и од училишните одбори и советите на родители, но и наставниците и родителите помагаат во имплементацијата на проектите и во процесот на создавање на подобра средина за учење на децата.
Овие реновирања не се само естетски, туку овозможуваат подобри услови за настава и учење, ги намалуваат трошоците за греење и не ја загадуваат животната средина. Училиштата во кои сме работеле велат дека им се намалени трошоците за греење и на тој начин се заштедени пари кои можат да бидат искористени за други цели“ – ни изјави Лири Старова, координатор на ПЕП проектот. Покрај инвестицијата на ПЕП проектот од страна на УСАИД, општина Струмица ќе учествува со свои средства во висина од 10%, а ООУ “Маршал Тито“ ќе учествува преку работна рака на родителите и вработените, односно со одстранување на старите прозорци.
Тужбата на Ел Масри е застарена и треба да се одбие![]() Во Европскиот суд за човекови права во Стразбур денеска почна јавната судска расправа ... |
Над 100 кинески компании во Чингдао ги слушнаа поволностите за инвестирање![]() Македонската делегација предводена од премиерот Никола Груевски која веќе неколку ден... |
Ексклузивно видео и фото: Влезот во Аеродром![]() Влезот на општина Аеродром доби нов, современ и препознатлив изглед. |
Македонија ќе извезува вино во Кина!![]() Најголемиот дистрибутер на вино во Кина ќе потпише договор со девет винарски визби од... |