istrazi-ja-makedonija
Освежено 23:12:41
Петок, 18 Мај 2012
Сподели
Споделете ја веста со Вашите пријатели

Како дел од проектот Транспарентна општина во кој што се вклучени општината Демир Хисар и 13 општини, вчера во кабинетот на градоначалникот се одржа работна средба на претставници на ЗЕЛС и Проектот за локална самоуправа при УСАИД, со раководителите на одделенијата и други вработени во општинската администрација.

demir-hisar-500

На присутните им беше презентиран Правилникот за јавност во работата на општината, како и содржината од Планот за јавност во работата на општината. Тој ја нагласи потребата од примена на овие документи, со кои треба да се овозможи внатрешното и надворешно информирање во општинатае, односно се регулира начинот за организирање на колегиуми и начините на дистрибуција на заклучоците, насоките за работа според нив, потоа насоки како да се дефинираат прашања кои се од интерес за јавноста и критериуми за нивна селекција, како и процедурата за проток на информации од интерес за јавноста и начинот за тоа како да се обезбеди јавност во работата на Советот на општината.

Со поддршка на проектот за локална самоуправа при УСАИД, изминативе години  ЗЕЛС работеше со 14 општини посветувајќи се на подготовките за изработка на програми за внатрешна комуникација, а во оваа фаза даде и конкретна техничка поддршка во изработка на урнеци на Деловник за работа на колегиум на градоначалникот, записници и сл.

Инаку, во поглед на надворешната комуникација на општината со граѓаните, иако со ограничени финансиски и технички ресурси, општината Демир Хисар е некаде во средината од општините со изградени и востановени методи и форми на комуникација. Со изработката на новиот веб портал што се очекува да заврши за 10  дена, ќе се создадат дополителни можности за воспоставување на нови врски со граѓаните и институциите.

banner-vmro-zk-300x250
  • 24 часа
  • 7 дена
  • 30 дена

Избор на уредникот

Тужбата на Ел Масри е застарена и треба да се одбие

News image

Во Европскиот суд за човекови права во Стразбур денеска почна јавната судска расправа ...

Над 100 кинески компании во Чингдао ги слушнаа поволностите за инвестирање

News image

Македонската делегација предводена од премиерот Никола Груевски која веќе неколку ден...

Ексклузивно видео и фото: Влезот во Аеродром

News image

Влезот на општина Аеродром доби нов, современ и препознатлив изглед.

Македонија ќе извезува вино во Кина!

News image

Најголемиот дистрибутер на вино во Кина ќе потпише договор со девет винарски визби од...