
Во 2011 Македонците беа сплотени и силни, радосни и горди, го вееја македонското знаме, ја пееја македонската химна. Курир направи анализа на најубавите работи кои и се случија на Македонија во 2011 година.
10. Гордост на македонското карате

- Во 2011 година Македонија го одбележа најголемиот карате успех. По освојувањето на сребрениот медал на финалниот турнир на Премиер лигата во карате, одржан во Салцбург, Наташа Илиевска ја завршува оваа година како најдобра каратистка во светот. На светскиот врв во нејзина категорија, Наташа го крена македонското знаме.
Македонскиот каратист Дејан Недев го освои првото место во дисциплината борби на Европското првенство во Израел и со тоа се закити со титулата европски шампион.
9. Нови и модерни автобуси во Скопје

-Нови и модерни нископодни и двокатни автобуси пристигнаа во Скопје. Со удобни седишта, климатизирани, пријатна атмосфера за патување, поголема сигурност. Новите автобуси со голем број бенефиции тргнаа по улиците низ скопската метропола. Патниците се среќни и задоволни, а возачите минаа посебна обука. Додека модерните автобуси минуваат низ улиците, целиот град доби поубав лик.
8. Нови инвестиции кои отвораат работни места ширум Македонија
-Македонија во годинава која изминува привлече голем број на странски инвестиции. Најпознати светски влијателни компании поставија камен темелници за изградба на фабрики во земјава. Американската „Џонсон контролс“, британската „Џонсон Мети“, италијанската „Технокозе“, американската „Кемет електроникс“, руската компанија „Продис“, дел од фармацевтскиот холдинг „Протек груп“,германската компанија „Кромберг и Шуберт ГмбХ“. Секоја од нив вложува пари во Македонија, а ќе вработува наши граѓани.
7. Реконструкција на улици и булевари

-Градежна експанзија се реализира во Скопје. Градот се гради и доби нов лик. Булеварот Србија е проширен, се реконструираше улицата Мито Хаџивасилев Јасмин, улицата Илинденска прерасна во булевар, се обновија булеварите Крсте Мисирков, Кузман Јосифовски Питу и Васил Аџиларски.Се обновија и Партизански одреди.
Улицата Митрополит Теодосиј Гологанов прерасна во модерна сообраќајница. Спроти Католичката црква, Скопје го доби еден од најмодерните круни текови во регионот. Овие и низа други улици и булевари со својот модерен и нов лик, ја разубавуваат глобалната слика за главниот град на земјава. Сообраќајот доби поинаква приказна, нервозата кај возачите исчезна. Во модернизацијата на Скопје, рекострукцијата на улиците одигра важна улога.
6. Македонија ја прослави 20-годишнината од независноста

-На 8. септември Македонците се сплотија во едно. Како никогаш досега, водени единствено од љубов кон татковината граѓаните масовно излегоа на скопскиот плоштад за да ја прослават 20-годишнината од независноста на Македонија. Под мотото „Заедно под едно сонце“, Македонците со силни емоции и среќа ја покажаа гордоста и љубовта кон татковината. Прославата за 20-годишнината на Македонија имаше космополитска димензија и мисија, конечно обединување на сите граѓани без разлика на нивната вера и националност, вистинско обединување за просперитетна и долговечна Македонија. Согледувајќи ги впечатоците од прославата, со сигурност се заклучи дека успеавме во мисијата.
5. Спомен куќата на Тоше- најдобар објект во светот

-Спомен куќата на ликот кој со сигурност е најубаво нешто што и се случило на земјава, Тоше Проески, доби престижно и значајно признание. Спомен куќата на нашата икона е прогласена за најдобар објект во целиот свет. Светската јавност по електронски пат имаше можност да гласа на веб страницата на „Open buildings“.Токму меморијалниот центар на Гумење во Крушево, во конкуренција на многу прекрасни градби од целиот свет, го освои првото место со вкупно 15.078 гласови.
4. Македонија доби најмодерен аеродром на Балканот

По целосната реконструкција на скопскиот аеродром „Александар Велики“, земјава може да се пофали дека го поседува најмодерниот аеродром на Балканот. Десет пати поголем од досегашниот, со капацитет да обезбеди услуга за четири милиони патници годишно, скопскиот аеродром со сигурност е најдоброто „добредојде“ за странците во посета на земјава.
3. Грандиозниот „Воин на коњ“

Во центарот на Скопје, на плоштадот Македонија беше поставен грандиозниот споменик „Воин на коњ“. Вистински симбол на историјата, а сепак голема и модерна атракција.Со фонтаната која тече во ритамот на музиката, со совршеното осветлување и со голема моќност, овој споменик ги сплоти Македонците кои никогаш почесто не го посетувале плоштадот. Странците во посета на земјава, кај споменикот седнуваат да одморат и да уживаат, да се фотографираат со него. Околу фонтаната поставени се осум војници кои се високи по три метри, а се изработени од бронза. Целиот амбиент е збогатен со осум лавови, високи по два и пол метри, од кои четири се свртени кон фонтаната. Од нивните усни тече вода. Останатите четири лавови се поставени на скалите и се во седечка, односно во чуварска положба. На столбот, постаментот на коњаникот, има три прстени со монтирани плочи на кои се претставени три битки. Меѓу нив има три прстени од бронза, со декорација и релјефни фигури. Од најгорниот прстен паѓа водена завеса, а нагоре се крева магла. Грандиозниот споменик кој ја разбуди светската јавност е една од најубавите работи кои и се случиле на земјава во поново време, бидејќи ја симобилизира далечната, а ја поттикнува новата историја.
2. Правна победа на Македонија над Грција

- Хаг ја објави пресудата, во врска со тужбата која што ја покрена Македонија против Грција во 2008 година. Македонија, по одлуката на Меѓународниот суд на правдата, освои правна победа врз Грција. „Грција го прекршила член 11 од Времената спогодба со блокирањето на приемот на Македонија во НАТО на Самитот во Букурешт во 2008“. Оваа пресуда како признание за правното декствување беше прифатено во Македонија. Пресудите од Хаг се конечни и обврзувачки за земјите-членки на ОН, односно за страните во спорот. Грција ја прекрши времената спогодба, а Македонија во ниту еден момент не го сторила тоа. Немаше рамнодушен на ваквата пресуда, но никој не се посомнева во нејзината релевантност и во значењето на истата. Медиумите од регионот, како и сите светски медиуми осамнаа со насловите „Хаг пресуди во корист на Македонија“.
1. Кошаркарскиот успех кој ја обедини Македонија

Македонските кошаркари го освоија четвртото место на Евробаскетот. Секој натпревар за Македонија беше од големо значење. А наместо трофеј, добивме многу повеќе.
Момците на паркетот во Литванија се бореа со лавовско срце, а секоја нивна победа го растреперуваше секое макеодонско срце. Секој постигнат кош доби аплауз, секоја победа доби прослава која го сплоти целиот народ. Влезот во полуфиналето предизвика вистинска еуфорија. Светот ја запозна силната македонска страна, земјите слушнаа која е Македонија. Македонците беа погорди од било кога. Заедно славевме, заедно се радувавме. И сакавме кошаркарите да дознаат за тоа. Масовниот пречек беше вистински начин да им покажеме дека тие и нивниот успех се најубавото нешто што и се случи на Македонија.

Тужбата на Ел Масри е застарена и треба да се одбие![]() Во Европскиот суд за човекови права во Стразбур денеска почна јавната судска расправа ... |
Над 100 кинески компании во Чингдао ги слушнаа поволностите за инвестирање![]() Македонската делегација предводена од премиерот Никола Груевски која веќе неколку ден... |
Ексклузивно видео и фото: Влезот во Аеродром![]() Влезот на општина Аеродром доби нов, современ и препознатлив изглед. |
Македонија ќе извезува вино во Кина!![]() Најголемиот дистрибутер на вино во Кина ќе потпише договор со девет винарски визби од... |