Освежено 22:34:56
Четврток, 24 Јули 2014

Во градската библиотека „Тими Митко“ во албанскиот град Корча беа промовирани книгите „Улогата на САД во македонските голготи“ од авторот  Ристо Никовски и „Држава - како се гради и брани“ од Стефан Влахов - Мицов.

bookpromo

Настанот го организираше македонски културен центар „Сонце“ од Корча. На него присуствуваа и македонскиот амбасадор во Албанија, Стојан Карајанов, преставници од македонските друштва „Прегор” и огранокот на друштво „Преспа” од Поградец, и од македонското егејско друштво „МЕД” од Врбник, голем број Македонци од Корченскиот регион, како и деца кои ги посетуваат курсевите по македонски јазик во Корча и Билишта.

Амбасадорот Ристо Никовски зборуваше за САД како главен фактор на Балканот, за улогата што тие ја имаа на Косово и во Македонија за време на кризата и воените дејствија во 2001. Никовски се задржа и на прашањето и потребата од зачувување на уставното име на државата  и сплотување на сите Македонци околу една иста идеја.

Стефан Влахов - Мицов и Георги Барбаровски, посебно се задржаа на спорот со Грција околу уставното име, напоменувајќи дека „не смееме да се откажеме од името ниту да смениме ниту една буква“.

На промоцијата говореа и македонските активисти во Албанија, Спасе Мазенковски, Димитар Гроздани и Таќо Гроздани.

Во дискусијата беше искажан ставот дека судбината на Македонците и на Македонија зависи од самите нив, дека треба да се опстои на сите негаторски политики кои се водат кон Македонците и оти не треба да се дозволи промена на името Македонија затоа што тоа име е поврзано со сите Македонци без разлика каде и да живеат.

Извор: МИА

Спонзорирани линкови

makedonija povikuva 300x250
servisen-centar-kadis
tri-krusi-2014
Shopping Medium Rectangle1
baner 300x250
Black Up 300x250

Избор на уредникот

ВИДЕО: Крушево од една извонредна перспектива

News image

Bo изминатиов период имавме можност да отидеме и да го снимаме градот на некогашната К...

ВИДЕО: Прекрасни снимки од Скопје кои ќе ве воодушеват

News image

Airview.mk  e компанија која за прв пат во Македонија го промовира воздушното сни...

ВИДЕО: Мајмунчето Лука ги освојува сите посетители на ЗОО

News image

Oмилениот член во скопската Зоолошка градина мајмунчето Лука ги краде погледите и ги о...